Stora Enso Fors

LUP #68489


  • Адреса: Utlastningen 1, 774 97 Fors

  • Работно време: 06:00-22:00

  • Контакт телефон: +46 (0) 10-463 50 00



Coordinates: 60.2049213, 16.3107061

Navigate here

Кратки податоци

Добредојдовте во Stora Enso Fors!

Работното време за товарење е од 06:00-22:00 од понеделник до четврток. Приемот од страна на нашите вработени е од 06:30-15:00. Забелешка Последниот прием за товарење е во 21:00. Петок 6:00-18:00 (17:00).

Паркирањето за подолг временски период или во текот на ноќта е забрането во оваа околина поради мерките за заштита од пожар.

LUP #25926 Nordanö Warehouse

Инструкции

Патот 68 неодамна беше пренасочен, а вашиот GPS честопати покажува неточна мапа. За да пристигнете во Stora Enso Fors, излезете од патот 68 кон Fors и продолжете само право.

Исклучете се од патот 68 кај оваа клучка. Следете ги знаците до Stora Enso Fors за товарење „Dispatch“.

Свртете лево после знакот со ознака Dispatch "DISPATCH".

Подготовки

Кога товарате во производствениот погон, нашето барање е местото каде што се наоѓа стоката да биде целосно исчистено и без присуство на различни миризби. Ве замолуваме да го исчистите местото каде што се наоѓа товарот пред да стасате во Stora Enso Fors. Доколку просторот каде што се наоѓа стоката не е во согласност со нашите барања, ќе го одбиеме вашиот камион и нема да имате дозвола да ги товарите нашите производи

Пристигнување

Паркирајте го камионот и влезете во канцеларијата. Секогаш најпрво најавете се на нашиот компјутер. Доколку рецепцијата е отвори зборувајте со вработените во рецепцијата Доколку нема некој од вработените на рецепцијата, земете го тикетот за влез и отидете во магацинот и ѕвонете на ѕвончето за понатамошна помош.

Запомнете дека секогаш треба бројот на утовар да ви биде спремен!

БЕЗБЕДНОСТ

Бараме да ја имате точната опрема за безбедност со вас кога товарате во нашиот погон за производство. Рефлектирачки елек и чеви за безбедност мора да се носат постојано. Ограничувањето на брзината е 20км на час. Работата на моторот во место е забранета. Пушењето е забрането. Не е дозволено да се преноќува во камионот во оваа област.

Вашата безбедност ни е важна. Дали имате нкои прашања? Доколку имате, разговарајте со нашите вработени во канцелаииите.

Инструкции за товарање

Возете го камионот во спротивната насока се до сталажата каде што ќе треба да товатите. Не ѓи отварајте задните врати на камионот додека одете назад кон сталажата.

Кога камионот е паркиран на местото, ставете ги Swedoc катанците за тракалата. Претиснете го копчето додека не се појави зелено светло. Тогаш можете да одите во магацинот.

Кога ќе дојдете во магацинот, ќе видите дека има решетки. Претиснете го ѕвончето и почекајте да Ве пуштат да влезете.

Стојте во означениот простор за време на товарењето. Возачот на вилушкарот нема да влезе во приколицата (просторот за стоката) доколку не сте во означениот простор. .

Доколку мора да влезете во приколицата за време на товарањето, почекајте го возачот на вилушкарот да излезе од приколицата и дадете му јасен сигнал на возачот на вилушкарот дека мора да влезете во приколицата. Забелешка Возачот на вилушкарот нема да влезе во приколицата се додека не се вратите во означениот простор.

Користете го одобрениот раб за стоење при заштитување на стоката. Не се качувајте врз стоката. Користете скала доколку е потребно. Доколку сте во можност, почекајте да се заштити стоката додека да се заврши со товарењето, пред да заминете од сталажата.

Откако ќе се заврши со товарење, одете до рецепција за да ѓи земете документите за испорака. Откако ќе ги земете документите, отстранете го Swedoc катанецот од тркалото. Тогаш можете да заминете од сталажата.

Излез

Ви благодариме што ги почитувате нашите безбедносни правила!

Дали знаевте дека производството во Fors започнало во 1895 година? Денес ние сме водечки произведувачи на хартиени кутии за прехрамбената индустрија. Овде произведуваме околу 1100 тони хартиени кутии секој ден.